Знаете ли дека… на Земјата има место без ниту една пеперутка?

од Vladimir Zorba
2,1K прегледи

Пеперутките со полно право можат да бидат наречени најубавите инсекти на планетата. Нема човек кој ќе ја посочи како одвратен инсект токму пеперутката. Таа едноставно воодушевува и маѓепсува со својата убавина.4086729fc274cf689ba0a9d73d9cc2eb
Пеперутките сепак се почудни суштества отколку што мислите. Затоа ќе ви раскажеме малку повеќе за нив во рубриката ” Знаете ли дека …? ”

Големината на пеперутките варира неверојатно многу – од околу сантиметар до цели 30 см на раширени крилја.

Пеперутките Монарси патуваат од Големите езера во САД до Мексиканскиот Залив на оддалеченост од околу 3200 километри и повторно се враќаат на север во пролет.
9162c4d9ddde64097815f1c4f9c89c98
Пеперутка монарх; слика: Wikimedia Commons

Максималната брзина која пеперутките ја развиваат за време на летот е приближно 19-20 км / ч . Некои молци пак можат да развијат брзина од неверојатни 40 km / h , што е многу необично за повеќето пеперутки.

Знаете ли дека… лавот не е крал на џунглата?

Пеперутката лимоница го има најдолгиот живот меѓу сите пеперутки – околу 9-10 месеци.
0dddaabdd5300cf5e9a3668f36bfd155
Пеперутка лимонница; слика: Wikimedia Commons

Пеперутките не можат да летаат, ако телесната температура падне под 30 степени Целзиусови.

Знаете ли дека… во Рим има музеј на пастата?

Антарктикот е единствениот континент на кој нема пеперутки и никогаш немало.
Во моментов постојат околу 24 илјади вида пеперутки. Молците се најбројни. Нивниот број изнесува приближно 140 илјади видови.

Женските на некои видови молци немаат крилја. За да се движат тие лазат или се тркалаат.
7e2ff959b49ed0f911cc07d5c67e3e10
Сфинксов молец; слика: Wikimedia Commons

Сфинксовиот молец го има најдолгиот убод – цели 30 см, за да може да достигне до боите на орхидеи.

Знаете ли дека… во Шведска е дозволен абортус поради полот на детето?

Многу пеперутки, како и повеќето инсекти, можат да пренесуваат 50 пати потешки товари од својата тежина. Исто како човек да подигне два автомобила полни со луѓе – невозможно!

Скелетот на пеперутките се наоѓа надвор од телото. Се вика егзоскелет. Многу видови инсекти имаат егзоскелет. Тој ги заштитува инсекти од удари и од губење на течности.