Така тие е кога садиш тикви со ѓаволот! Но не сфаќам, зошто ние останатите мораме да платиме за нивните игри – оние се сексаат, ние остануваме трудни!

Груевски и неговите пријатели од Истокот преку Миленко им се закануваат на Aмериканците дека ќе им ја запалат амбасадата во Скопје, пишува Насер Селмани, претседателот на ЗНМ на својот Фејсбук профил.
„Да потсетам, Миленко има емисија на Канал 5, која без владини реклами ќе замине во историјата.
На американскиот амбасадор Џес Бејли не му сметаат владините реклами. Изгледа Бејли не ги слушал бомбите во кои Груевски и Мијалков му ги уредуваат вестите на Латас за двата милиони евра добиени од владини реклами.
И после Бејли ќе ни каже дека тоа не било легализирање на корупцијата во медиумите затоа што и американската влада се рекламирала во медиуми без да ни објасни за што се рекламира нивната влада и кој е процентот на тие пари во вкупниот американски медиумски пазар.
Се надевам дека американската влада не се рекламира во медиуми, чии новинари им се закануваат на амбасадори дека ќе им ги палат амбасадите.
Биди толку паметен и сфати им ја играта! Бејли се залага Канал 5 да добие владини реклами за да може Миленко да купува бензин и експлозив да пали амбасади.
Така тие е кога садиш тикви со ѓаволот! Обично непринципиелната политика се враќа како бумеранг. Но, не сфаќам, зошто ние останатите мораме да платиме за нивните игри – оние се сексаат, ние остануваме трудни!“