Два дена по Нуланд, интензивно се преговара во Пржино

од Vladimir Zorba
130 прегледи

 Веќе два дена по заминувањето на високиот гостин од Америка ,помошничката државен секретар на САД Викторија Нуланд, интензивно се преговата на три клучни прашања: Избирачкиот список, медиумите и за преодната Влада. Сите три прашања се  отворени на вчерашните петчасовни разговори во резиденцијата на Европската унија во Пржино, но ниту едно не е затворено. Напредок најмногу има во начинот и вољата за пречистување на избирачкиот список.bejli_i_orav_bez_dogovor

Договорено е 40 илјади записи во Избирачкиот список да се објават, да се даде јавен повик  до самите избирачи,  и до колку постојат, да се пријават во ДИК, а во спротивно ако ги нема ќе се докаже дека се фиктивни и ќе бидат избришани од списокот. Како што  се дознава од партиски извори во преговорите,  фокусот  на чистењето на Избирачкиот список  е ставен на околу 200.000 спорни гласачи, но за тоа допрва ќе се разговара.

Во медиумскиот дел изгеда дека останува најмногу заглавено. Власта не прифаѓа да се чепка во Агнецијата за за медиумите во предизборниот период, и се прваат обиди за трипер меѓурешенија , нешто слично како со СЈО, формирање на специјално ад хок тело кое би функционирало 100 дена пред изборите. Замислата била тоа тело да ги набљудува медиумите, па потоа Агенцијата да спроведува, а да било составено до Советот за Етика на медиумите и во нив да бидат сите и ЗНМ,МАН, СЕММ и експерт од ААВМУ, и само такво нешто недоречено било прифатливо за ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, па и во некоја форам за СДСМ. Во преговороте отпаднале и други предлози кои сами по себе значеле ,само замачкување и времено а не системско решение на кое инсистираат медиумските организации, и го понудија преку „Блупринт“ документот кој го промовираа и понудија  деновиве, како вистинско решение за кризата. Очигледно е дека таму ќе мора да се пресечи сега или да се остави се така па по изборите во зависнот од власта да се менува или исто само делумно нешто да се препакува.Договрено е само главниот уредник на МТВ да се смени а се останато да е исто што е само глумење дека нешто се попушта ,а суштински нема ништо да значи со оглед на потребите за корените реформи во јавниот сервиц.

Нешто што поминало за медиумите е Договор  за медиуми кои ќе го прекршат законот, прво да добијат опомена, а потоа казна. Истовремено, ќе бидат преполовени казните што се изрекуваат и според Изборниот законик и според Законот за медиуми.

Третата болна тема е преодната Влада , која треба да го задржи истиот состав што е предвиден со  договорот од Пржино: двајца министри и тројца дополнителни заменици од опозицијата. Нема договор колку време пред избори треба да се формира оваа Влада – дали истиот ден кога ќе се распушти Собранието или 100 дена пред избори. До колку изборите бидат во ноември ќе се формира овој концепт на преодна контролна влада , без заменички позиции, но плус едно министерско место за опозицијата, до колку пак истите се дефинираат дека ќе бидат во март , тогаш ќе се оди на концепт на поширока влада во која ќе бидат сите четири партии потписнички на договорот од Пржино. Но оваа тема изгледа е најмалку спорна.

Извори од двете страни на преговарачкиот процес велат дека  е шпекулација воведувањето на специјално одделение во МВР, за истрагите во врска со к предметите  на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. Во игра останува само идејата за специјално судско одделение што ќе ги работи предметите поврзани со прислушувањето и евентуалниот криминал што ќе произлезе од содржината на прислушуваните разговори или т.н „бомби“ .

По состанокот во резиденцијата на Аиво Орав во Пржино претставниците на партиите не дадоа изјави. Само амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.

„Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор, затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време“, рече Бејли.

Во преговорите учествуваа Никола Тодоров Од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА

 Преговорите меѓу четирите партии продолжуваат и денеска.

Слични содржини