„Многубројни се убавините на нашата земја, така и мермерното езеро претставува прекрасна глетка, амбиент, и секако подводен свет кој вреди да се види“, објавија нуркачите од клубовите Akvatek и Dive and Ski Club VRELO кои го изнуркаа езерото во Прилеп, хит во последниот период и нарекувано Памук кале – Мермерно езеро.
Нуркачите нуркале до максималната длабочина од 15 метри и температура на водата e од 22 до 8 степени целзиусови, а низ своите фотографии ни го покажуваат она што го откриле во подводниот свет.
„Мов почнал да се нафаќа на мермерните блокови, а водата долу е кочан ладна. Причина за тоа е зашто е изворска вода. Да не беше извор, да стоеше така водата, немаше да биде толку студена. Воедно таа е и проточна. На еден дел од езерото се создало и мало поточе по кое истекува меѓу мермерните блокови“, вели Даниел Атанасовски од нуркачкиот клуб „Акватек“.
Членовите на клубот се обиделе да го најдат изворот, но не успеале. Фотографиите може да ги погледнете во продолжение во нашата галерија: