Епохално: На оваа слика, човештвото за првпат одблизу го гледа Јупитер

од Vladimir Zorba
118 прегледи

НАСА објави снимки на огромната планета, опкружена од три месечини

Вселенската сонда на НАСА “Џун” испрати слики на Јупитер за првпат по навлегувањето во орбита околу огромната планета. Една од сликите го  покажува Јупитер опкружен од три од четирите најголеми месечини.Таа е направена во саботата, кога вселенскиот брод сеуште бил на 4,8 милиони километри од планетата. Дури и од тоа растојание огромниот атмосферски вител, познат како големото црвена дамка, е видлив , пренесоа американските медиуми и медиуми.1468384015-1

“Џун” влезе во орбитата околу Јупитер минатата недела по пет годишно патување. Мисијата на сондата ќе продолжи 20 месеци и за тоа време таа ќе треба да се направи карта на столбови, да ја анализира атмосферата и карактеристиките на планета. При приближувањето камерата и апаратурата на “Џун” беа исклучени како мерка на претпазливост, бидејќи сондата беше изложена на интензивна радијација. По нејзиното пристигнување во орбитата ден подоцна тие беа вклучени повторно. Научниците беа рекле дека очекуваат слики во крупен кадар  на Јупитер најрано следниот месец.