Скопското обвинителство води постапки за залоупотреба на пари од ИПАРД фондовите, потврди денеска директорот на Финансова полиција.
Наводно фабрики и земјоделски комбинати набавувале опрема која не е согласно европските стандарди. Штетата која е нанесена преку измамите се проценува на 200.000 евра, а во истрагата, велат од Финансова, била вклучена и Меѓународната организација за криминалистичка полиција Интерпол.
Веста доаѓа по најавите од Европската комисија дека Македонија ќе изгуби вкупно 110 милиони евра од неповратните средства поради незрелост во управувањето и дека Европската унија нема да финансира друг проект оваа година. Државениот секретар од Министерството за финансии не знаеше да одговори за што биле наменети средствата кои Македонија нема да ги добие.
Европската делегација денеска повторно јавно ја искритикува Владата дека нема политичка волја да ги спроведе потребните реформи, особено во делот на менаџирање со јавните финансии. Поради тоа, како што рекоа од делегацијата, Европската комисија одлучила да не ја финансира изградбата на Коридор 8 и да блокира 27 милиони евра од ИПА фондовите. Од Министерството за финансии ги негираа тврдењата на Европската комисија дека македонската влада не ги испорачува потребните реформи.
На Македонија и е потребна поголема соработка меѓу институциите и промена на регулативата за поефикасна контрола врз европските фондови, велат од ЕУ. Од таму порачаат дека недостасува и свесност ај вработените во борба против овие неправилности./24Вести