Руралните средини кои се помалку популарни во Македонија за прв пат ќе имаат пристап до интернет, велат од Агенцијата за електронски комуникации, информира ТВ21.

Ова ќе се направи во рамки на универзалната услуга од страна на операторот, кој ќе биде избран на тендерот од агенцијата. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, рече дека на овој начин ќе се обезбеди прифатлив интернет пристап за секое семејство што досега немало можност за да се поврзе на интернет.
„Новитет во овој тендер што планираме да го објавиме е тоа што за прв пат ќе биде вклучена услугата за интернет пристап, со тоа што ќе се гарантира до сите граѓани пристап до минмним 2 МБ во секунда интернет, независно каде се наоѓаат во државата“, изјави Сашо Димитриоски директор на АЕК.
Димитријоски појасни дека дополнителните трошоци на операторите ќе се компензираат со пари од Фондот за универзална услуга што е формиран во АЕК и дека тендерот ќе го добие тој што ќе има најмали побарувања од овој фонд.
Целиот текст можете да прочитате тука