Рама со нова понуда до опозицијата во врска со реформите

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

Албанскиот премиер Еди Рама преку својот профил на социјалните мрежи синоќа на опозицијата и предложи постигнување консензус околу реформите во правосрудстото, кое се главен услов за членство за земјата во ЕУ.еди рама

Како што јави дописникот на МИА, тој и предлага на опозицијата „сама да напише нови реформи, онакви какви што посакува“, а потоа тексот да го достави до САД и ЕУ.

– По добиената согласност од САД и ЕУ секако дека ние ќе ги изгласаме без да поместиме ни една запирка, напиша Рама на Фејсбук.

Последната реакција на Рама доаѓа по неговите средби со американскиот амбасадор Доналд Лу и евроамбасадорот Влахутин. Двајцата амбасадори изминатите денови имаа низа средби како со Рама така и со лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша.

Правосудните реформи, за кои власта и опозицијата во Тирана имаат различни ставови по неколку прашања, во Тирана ја донесе и Викторија Муланд, американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Пакетот закони за реформите во правосудството на дневен ред на седница на албанскиот законодавен дом се следниот четврток, 21 јули