Блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која Владата ја издаде, е сигнaл од потенцијалните кредитори дека независно од добивката тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и партиите.
Ваквата одлука е опомена до Владата и ВМРO-ДПМНЕ и ДУИ дека странските банки немаат намера да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните (масовно прислушување) и изборните правила и високи функционери се вклучени во тешки облици на криминал.
Демократскиот сојуз оценува дека санкциите преку финансиска и економска изолација на Република Македонија ќе продолжат и ќе се зајакнат, поради што предлагаме да се формира експертска Влада, со мандат да ги стабилизира состојбите, спроведе реформи и создаде услови за избори, се вели во соопштението на партијата