Пред малку во резиденцијата на ЕУ во Пржино почна нова рунда преговори .Некои велат веројатно и последен пакет на преговори пред обелоденувањето на конечниот договор на лидерска средба .
Според последните изјави од евроамбасадорот Аиво Орав остана уште едно нерешено и отворено прашање . Тој не прецизираше кое, но од извори од преговорите се дознава дека станува збор за функционирање на идниот министер на МВР, кој патем ке биде од опозицијата, и законската блокираност која во меѓувреме „законски“ му е спакувана.
Другите точки , околу времетраењето на преодната влада,прочистувањето на избирачкиот список, и медиусмките реформи се усогласени. По конечниот договор, извесно е дека ќе биде повторно потпишуван, а потоа ќе следува брза имплеменатација , која подразбира повеќе контроли , пресеци на (не)сторено ,и потоа организирање избори , најверојатно некаде околу крајот на ноември и почеток на декември.
Амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли присуствуваат и на денечната средбата во Пржино.