Заборавете ја ЕУ која даваше ! Белгија размислува за одземање на соц. помош за граѓани на унијата…

од desk3
86 прегледи

Белгискиот државен секретар за миграција и азил Тео Франкен предлага граѓаните на ЕУ во земјата да бидат лишени од правото на социјална помош, објавија локалните медиуми, пренесува БТА. Проектот за промените предвидува запирање на слични плаќања како превентивна мерка против приемот на измами со социјалниот систем. Актуелното законодавство предвидува странците од ЕУ да бидат сфатени како “неоснован товар за социјалниот систем”, кога добиваат социјална помош повеќе од три последователни месеци, а престојувале во земјата постојано за период пократок од три години.

euros

Според законите на ЕУ, кога земјата ќе оцени нечие присуство како неоправдан товар за социјалниот систем, државата може да издаде наредба за напуштање. Врз основа на тоа минатата година Белгија избркала 1702 граѓани на ЕУ, во 2014 година – 2042 лица, а од почетокот на оваа година – 702 лица.

Законите во Белгија го даваат правото на постојан престој на државјанин на земја од ЕУ повеќе од три месеци, ако тој може да докаже дека има средства за престој, или дека има работа, или барем дека има оправдани очекувања да се ангажира. Медиумите забележуваат дека најзасегнати од промените би биле граѓаните на Италија, Франција, Романија и Бугарија. Статистиката покажува дека околу една третина од Европејците на социјална помош во Белгија се потпираат на оваа алиментација за период подолг од две години. Бидејќи правото на ЕУ не дозволува колективно лишување од социјална помош, белгиските власти имаат намера да го вреднуваат одделно секој случај.

Слични содржини