(ФОТО) Касапинот од Ница – шокантно: Видете на што ги учел своите деца „терористот од Ница„

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Мохамед Бухлел бил во депресија затоа што не можел да ги гледа ќерките толку често колку што сакал.

1468599031-11111

Мохамед Бухлел, возачот на камионот – убиец, ги воспитувал своите деца како момчиња и им давал да си играат со оружје. Ова го раскажуваат негови соседи, цитираат медиумите.
На фотографиите кои Мохамед ги објавил на профилот на Фејсбук, исто така се гледа дека девојчињата биле третирани како момчиња. Една од нив, од трите деца впечатливо држи сабја, друга нож и пиштол.

1468599033-1

Соседите на Мохамед раскажуваат уште дека тој паднал во депресија откако се разделил со сопругата. Таа ги зела децата со себе, иако тој се противел. Пред некое време таа споделила со пријателки дека нејзиниот сопруг врши насилство над неа. Дури рекла дека се плаши за својот живот. Конечно пред четири години решила да се разведе. Оттогаш Мохамед се променил.

Уште не се јасни мотивите за овој суров напад. Според информации на француските власти тој не е под истрага за врски со терористичка клетки.

Тој чекал во камион девет часа пред да нападне, и рекол е на полицајците дека превезува сладолед и тие така го пуштиле.