КХВ:До вторник е рокот до кога треба да се произнесеме за понудата на Балкан Петролеум

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Вторник а не денес е рокот до кога Комисијата за хартии од вредност треба да се произнесе за предлогот за превземање на Макпетрол информираат од оваа инстиуција за Телма.

biljana_6

Според законот имаат десет работни денови од целосното комплетирање на документацијата од Балкан Петролеум, што значи дека оценката за намерата треба да ја објават до вторник.

Сепак не е исклучена можноста и овој рок да се пролонгира оти комисијата има право да побара допоолнителни информации од фирмата со што ќе добие уште десет работни денови до оценката на понудата која ја дава Балкан Петролеум.

Но од комисијата и натаму, како што велат во интерес на постапката нема одговор на прашањата е пристигната банкараската гаранција од 47,5 милиони евра за која што Балкан Петролеум Холдинг претходно информираше дека е обезбедена и доставена.

Не кажуваат ниту дали имаат увид во тоа кој е витинскиот сопственик на Балкан Петролеум Холдинг и дали ќе бара документ за тоа и дали во соработка со други надлежни државни институции ќе врши какви било проверки на издадената банкарска гаранција.

И денеска молчат и од финансиската полиција и од управата за финансиско разузнавање. До сега единствено експертите беа едногласни дека овие институции ќе мора да го испитаат потеклото на капиталот на фирмата која е регистрирана пред само месец и половина во британија со само 1 000 евра капитал.. Дека оваа фирма е сомнителна се огласи и Синдикатот на трговските работници кој исто така бараше да започне истрага за тоа кој стои зад Балкан Петролеум, фирма која ако стане сопственик на Макпетрол ќе одлучува за 2 000 човечки судбини на вработените.

Документите кои ги има Телма докажуваат дека крајниот сопственик на Балкан Петролеум се две компании претставувани од адвокатски канцеларии слични на примерот на Фонсека, откриени во Панама Документите? UBS банката во Цирих каде треба да биде уплатена банкарската гаранција пак е под истрага за затајување данок и перење пари за свои клиенти во Белгија, САД и Франција.

 

извор: телма