Миноски: Одобрените средства на СБ се позитивен импулс за инвестициска активност

од Vladimir Zorba
78 прегледи

minoski

Одлуката на Светска банка да и стави на располагање на Република Македонија 25 милиони евра средства наменети за капитални инвестиции во општините пред изборите е уште една добра вест и верификација на економските политики на Владата, вели министерот за финансии Кирил Миноски ,во интервјуто за ТВ „Сител“, цитира ТВ21.

– Владата одржува постојано добри односи со речиси сите меѓународни финансиски институции вклучително и со СБ. Станува збор за кредит кој има за цел подобрување на квалитетот на општинските услуги. Во периодот кога беа закажани изборите дојде до извесно одлагање на овој износ од 25 млиони евра. Со информацијата дека ни се одобрени овие средства се дава еден позитивен импулс на инвестициската активност на ниво на единици на локална самоуправа со што ќе дојде до изградба на инфаструктурни објекти, водоводи и училишта на локално ниво, изјави Миноски.