Состојки:
3 зрели домати
2 парчиња бел леб без кора
2 краставици
1 мала глава црвен кромид
3 чешниња лук
2 црвени пиперки
6 лажици екстра девствено маслиново масло
1-2 лути пиперки
сол, црн пипер
крутони (по желба)
Подготовка:
Излупете ги доматите и краставиците. На пиперките треба да се отстранат не само рачките, но и семенцата, а кромидот да се исече на четвртинки. За да направите супа ќе ви треба блендер.
Ставете ги во него доматите, краставиците, пиперките, лукот, магдоносот и лебот, кој треба да се исцеди од водата. Се меле до добивање хомогена смеса и се додава сол, црн пипер и маслиновото масло (ако е премногу густо, ставете малку вода).
Ставете ја во сад супата и оладете добро во фрижидер. Послужете со крцкави крутони.