Бијонсе ja посвети песната “Halo” на загинатите во Турција.

Пејачката Бијонсе ja посвети една од најпознатите песни на жртвите на обидот за преврат во Турција. За време на својот концерт во холандската престолнина Амстердам ѕвездата гo исполни синглот “Halo” во спомен на загинатите над 260 лица.
“Оваа песна е за љубовта … Сакам да ја посветам на сите изгубени животи во Турција”, рече пејачката за време на концертот.
Со последните песни и настапи во живо на Бијонсе зазема силна политичка и социјална позиција. Претходно оваа година ѕвездата предизвика спротивставени реакции со песната “Formation” и нејзиното извeдување за време на финалето на шампионатот во американски фудбал “Супер бол”. Според критичарите песната и видеото кон неа создаваат антиполициско расположение. Во исто време нејзиното пеење беше посветено и на движењето на Црните пантери – револуционерна организација на афроамериканците против полициското насилство и корупција, која е активна во 60-тите и 70-тите години.
По настапот на “Супер боул” многу полициски синдикати од Флорида и Тенеси ги бојкотираа настани на пејачката. Бијонсе е познат глас и на движењето “Black Lives Matter”, посветена на борбата против полициско насилство против Афроамериканците.