Италија ќе обучува “имами од нов тип” за своите џамии

од desk3
115 прегледи

Француските власти ќе гo зајакнат обезбедувањето на туристичките локалитети во земјата. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Бернар Казнов по состанокот на националниот Совет за безбедност во Елисејската палата во врска со терористичкиот напад во Ница, пренесе ТАСС.

Полицајците и војниците вклучени во операцијата “Сантинел”, ќе добијат задача да gi зајакнат патролиte на туристичките локалитети, вклучувајќи gi i плажите, прецизира Казнов.

dzamija
Италија воведе по нападот во Ница дополнителни мерки за безбедност. Властите im препорачаа на полицајците да go носат службенoto оружје и вон-работно време, соопшти италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелина Алфано.

Тој раскажа дека Рим планира да отвори во оддалечените области специјални установи, каде ќе се чуваат опасни криминалци.
“За да бидат создадени услови за интеграција и мирен соживот, работиме на формирање на имами од нов тип,” италијански имами “кои ќе ги знаат традициите и обичаите во Италија и да се запознаени со законите на земјата. Нашата цел е такви имами да проповедаат во италијанските џамии “, додаде шефот на италијанската МВР.

Во четвртокот вечерта камион, управуван од терорист, се втурна со полна брзина во множеството луѓе во крајбрежниот булевар во Ница и уби 84 лица за време на прославите за националниот празник на Франција. Над 200 се повредени, покажуваат официјалните податоци.