Избирачкиот список не смее да биде предмет на партиски договори, децидни се од
граѓанската организација МОСТ-пренесува Телма. Укажуваат дека, Државната изборна комисија мора јасно и прецизно да објасни, од каде се овие бројки на спорни гласачи, за кои се договараат партиите во Пржино и како дошле до нив.
За МОСТ не е јасно, дали бројката од 40 000 гласачи кои треба сами да се пријават
бидејќи во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список, и оние 170 илјади
иселеници кои ќе бидат ставени на посебен список, се добиени со административна
или со теренска проверка. За нив е особено спорна теренската проверка.
Иако добија овластување да ја набљудуваат теренската проверка, тоа им беше
дозволено само во подрачните канцеларии на ДИК, со што им е оневозможен
целосен увид во процесот. Дел од подрачните канцеларии не соработувале со
нивните набљудувачи и не им давале информации. Укажуваат и на пропусти при
обуката, на недостаток од човечки ресурси, опрема и простор во подрачните
канцеларии на ДИК.
Повеќе ТУКА