Светските медиуми јавуваат дека Меланија, сопругата на најсигурниот кандидат на Републиканците за претседател на САД и милијардер Доналд Трамп, на националната конвенција го копирала говорот на првата дама, Мишел Обама.

Имено, на Конвенцијата на партијата во Кливленд Меланија Трамп презела неколку цели реченици од Обама.
Според американските медиуми, во неколку реченици од лекциите кои ги научила од своите родители и важноста на истите со нејзиното искуство кон сопствените деца, од збор до збор цитирала говор на Мишел Обама која таа го одржа на Конвенцијата на Демократите во 2008 година.
Инаку, Меланија Трамп е поранешна манекенка од Словенија, а овие спорни реченици ги искажала при крајотна својот 10 минутен говор.
Во коментарот на тимот на Трамп не се споменува ништо околу ова, освен дека во нејзиниот говор се почуствувало нејзиното мигрантско искуство и љубовта кон Америка.
Делот од говорот на Меланија Трамп, потполно е ископиран од тој на Мишел Обама.
https://www.facebook.com/washingtonpost/videos/10153970870372293/