Македонија ја издаде еврообврзницата

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

Македонија денеска ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од седум години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.куфњер пари

– Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите, каматната стапка ќе беше далеку поповолна, односно истата ќе беше дури под 5 % годишно, согласно очекувањата на меѓународните инвестициски аналитичари. Цената за ова неодговорно однесување на опозицијата за жал ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија, се додава во соопштението.

Успешното издавање на еврообрзницата, како што е посочено во соопштението, е верификација на добро спроведениот процес во исклучително неповолен и тежок политички амбиент. – Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат. Владиниот тим успеа да ги обезбеди неопходните средства значајни за одржување на макроекономската стабилност и развојниот тренд на македонската економија, велат од Министерството за финансии.

Оттаму посочуваат дека постапката за издавање на еврообврзницата се одвиваше согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата

Слични содржини