Католичката хуманитарна организација “Каритас” предупреди дека на Балканот има десетици илјади мигранти кои се во очајна состојба.
“Во земјите од Балканот има десетици илјади мигранти кои понекогаш живеат во катастрофални услови”, предупреди претседателот на организацијата Петер Нехер на годишната конференција на организацијата во Берлин. Според податоците на “Каритас” во регионот има над 50 000 мигранти, кои претпочитаат да живеат во многу лоши услови, бидејќи се плашат да не бидат вратени во службените или предвидените засолништа. “Ова е всушност последица од договорот на ЕУ со Турција. Тие плаќаат да не бидат вратени назад во Турција. Тие се надеваат дека че се појави некои пукнатина во “цврстата Европа”, во која ќе може да продолжат кон северниот дел на континентот “, изјави Нехер.