Отворено писмо на дел од сенаторите до ректорот Стојковски

од desk3
133 прегледи

 
И по повеќе од еден месец од немилите настани со изборот на студенски лидер и формирањето на комисии за расветлување на состојбата со изборот на студентски лидер, се уште стои во место, од друга, осум членови на универзитетскиот сенат испратија отворено писмо до ректорот во заминување, Велимир Стојковски, со потсетување дека ректорската управа по две недели се уште не го одобрила барањето за вонредна седница на сенатот и покрај потребниот број потписи, согласно статутот. Со ова ректорот, како што велат го крши статутот на УКИМ-јави 24 Вести.

vel-11-702x336

„Статутот на УКИМ утврдува дека седница на Универзитетскиот сенат се свикува на барање на една петтина членови на Сенатот. Бројот на сенатори кои побараа вонредна седница го надминува потребниот минимум. Одредбата во член 111 на Статутот на УКИМ е императивна, што значи дека по барање на една петтина членови, Вие сте обврзан да ја свикате седница на Сенатот, стои во отвореното писмо до ректорот во заминување.“ – стои во отвореното писмо.

Студентскиот пленум ваквата поддршка ја поздравува, но посочуват дека универзитетот не може да биде истражен орган. Пленумците велат дека во работата на комисијата за утврдување на фактите на денот на изборите немаа увид што точо се случува и неверуваат дека истата и воопшто ќе почне со работа. Втората комисија за менување на статутот на УКИМ во делот на студентското работење пленумците посочуват дека е дискутабилно преставувањето на студентскиот парламет од страна на студентскиот правобранител на УКИМ.

Студентскиот пленум посочува дека продолжува со работа, овој месец ќе има средби со студенти и студентски организации, преку кои ќе може да се дадат ставови и забелешки за понатамошни активности на студентите.