Тој е познат, освен со фактот дека се бори да стане новиот претседател на САД, но и со привлечноста кон жените. Затоа пак во знак на протест против неговата кандидатура се собраа 130 голи жени во градот Кливленд, Охајо.
Проектот против Доналд Трамп е на Спенсер Тјоник, соопштува Daily Mail. Учесничките позирале со тркалезни огледала кои ги држеле над главите. Акцијата се случила на територијата на приватна сопственост (јавната голотија во Кливленд е забранета).
Жените се свртеле симболично кон спортската сала на Кливленд која се наоѓала недалеку, а каде се одржува конгресот на партијата, кој ќе заврши на 21 јули.
Тјоник стана познат со фотографиите на десетици, стотици и илјадници голи луѓе.Според него во Кливленд се случила неговата најполитичка фотосесија за целата негова кариера. “Имам две ќерки и жена. Не можам да верувам во јазикот на насилството, кој го демонстрира Републиканската партија во однос на жените и малцинствата “, го објаснил протестот Американецот.
Најголемата фотосесија на Тјоник се одржа во 2007 година во Мексико, кога му позирале 18 илјади луѓе.
Тој правел големи проекти во Барселона (7 илјади луѓе), Кливленд (2,7 илјади), Амстердам (2 илјади лица) и други места. Изборите за претседател на САД ќе се одржат на 8 ноември 2016 година
Видете го голиот протест во Кливленд во нашатагалерија .