На денешен ден во 1951 година во Чикаго се роди познатиот холивудски актер Робин Вилијамс.ќќ

Тој својата кариера ја започна кон средината на 70-те години на минатиот век како комичар во клубови во Сан Франциско и Лос Анџелес.
Првата филмска улога ја имаше во мјузиклот „Попај“ во 1980 година, а светската слава ја стекна со настапите во „Добро утро, Виетнам“, „Друштвото на мртвите поети“, „Добриот Вил Хантинг“, „Госпоѓа Даубтфаер“…
Во 1998 година освои оскар за споредна машка улога во филмот „Добриот Вил Хантинг“.
Иако во јавноста вежеше за секогаш ведар и насмеан, Вилијамс во приватниот живот страдаше од анксиозност и параноја, а во последните години од животот му беше дијагностицирана и Паркинсоновата болест.
Робин Вилијам изврши самоубиство на 11 август 2014 година.
https://youtu.be/j64SctPKmqk