Родители во Малави плаќаат на човек да спие со нивните деца, болестите се “екстра”…

од desk3
74 прегледи

Во некои од јужните региони на африканската земја Малави има традиција девојки кои веќе влегле во пубертет, да имаат секс со платен “сексуален работник”, кој се нарекува “Хиена”, пишува БиБиСи.

Тоа не се смета за силување – тоа е вид ритуално прочистување. Иако е традиционален, овој ритуал често е причина за ширење на болести.

Image_5661248_126

Ерик Анива е “Хиена” на своето село, кое се наоѓа во провинцијата Нсане во јужниот дел на Малави. Тој врши “прочистување” при различни ситуации. На пример, ако маж почине, жена му треба да спие со Анива пред да може да го закопа својот сопруг. Ако жена направи абортус, таа повторно има потреба од сексуално прочистување.

Најшокантно е дека, сепак, тинејџерки кои за првпат имаат циклус, треба да имаат секс со “Хиена” три последователни дена, за да се направи преминот од детство до нивното претворање во жени. Ако девојките се откажат се смета дека болести и зла ќе ги достигне нивните семејства и дури целото село.