104
На избирачкиот список за следните избори, кога и да се одржат, покрај имињата на гласачите ќе стои и фотографија идентична со фотографиите од личните карти што се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, информираат за Сакамдакажам.мк од Државната изборна комисија (ДИК). Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти.