За 30 дена продолжен куќниот притвор за Талески

од desk3
104 прегледи

Битолскиот градоначалник Владимир Талески останува уште 30 дена во куќен притвор. Судот денеска му го продолжи притворот по барање на СЈО. Од Кривчиниот суд преку соопштение информираа:

vladimir taleski

“Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за продолжување на мерката за обезбедување присуство против В.Т., осомничен дека го сторил кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в со ст.1 в.в со чл. 22 и сл.45 од КЗ, го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена.

Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор.”

Слични содржини