Виктор Орбан е познат како еден меѓу најгласните критичари на Еврокомисијата
Одлуките на Еврокомисијата (ЕК) за излез од миграција криза беа причина Британија да ја напушти Унијата, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој ова го изјави на заедничката прес-конференција со колегите од Вишеградската четворка (В4 – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка), кои се собраа во Варшава. “Еврокомисијата ги зеде најлошите од сите можни решенија за миграција и на тој начин направи невозможно останувањето на еден од најголемите играчи во ЕУ. Ние сакаме да ја спречиме илегалната миграција. Тоа е нашата цел. Сите кои сакаат да влезат во ЕУ, треба да аплицираат надвор од нејзините граници “, истакна Виктор Орбан. “Ние не сакаме да се откажеме од нашиот суверенитет, од заштитата на нашите граници. Предлозите на ЕК систематски ги ликвидираат сите овие елементи “, истакна уште унгарскиот премиер. Тој предложи овие прашања да се разгледаат на неофицијалната средба на ЕУ во Братислава на 16 септември. На средбата во Варшава “четворката” ја прогласи за потребата од реформи на ЕУ, за да им служи на граѓаните, а не на институциите. / ТАСС