“Игра на престоли” сигурно е дел од сериите кои вистински нè прави возбудени. Ја следиме стриктно секоја епизода и ги доживуваме страдањата и авантурите со ликовите.
Додека чекаме да се објави конечно кога точно ќе излезе 7-мата по ред сезона, читаме теории за тоа кој ќе седне последен на тронот и што ќе се случи со Џон Сноу.
Меѓу френетичното очекување, еден шминкер ни нуди начин да се потсетиме за убавината на секој од ликовите трансформирајќи се со шминка во … нив.
Паоло Балестерос дефинитивно има неверојатни вештини да се преобразува во ѕвезди како Кејти Пери, Ким Кардашијан и Џенифер Лоренс.
Последниот предизвик пред креативниот маж беше да влезе во улогата на сите жени од Седумте кралства и сигурно се справи со него повеќе од добро.
Можете да видите како точно изгледаат најпопуларните хероини на лицето на Паоло во нашата галерија.