Љубовен хороскоп од 25 до 31 јули 2016

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Во последната недела од јули во љубовните односи комуникацијата ќе го заземе својот врв. Бидејќи тоа е клучот за среќната врска, не заборавајте да ги искористите предностите на тоа да го најдете вистинскиот тон и кон партнерот.168bb54125a4f989dedaedd339d6439d

Не се исклучени конфликтни ситуации, кои ќе се вистински тест за тоа како разговараме со партнерот. Повеќе видете во љубовниот хороскоп.

Овен
Во понеделникот Месечината ќе ја зголеми вашата чувствителност кон случувањата во љубовниот живот. Оние од вас кои немаат партнер, може да сретнат некого со кого ќе си организираат и возбудлива средба. Бидете отворени кон можностите.
Во случај да сте во врска, во петок треба да бидат претпазливи. Ќе бидете чувствителни на тема пари, особено ако таа е покрената од партнерот. Не земајте ништо толку лично!

Бик
До сабота месечината ќе се движи во знакот на хороскопскиот знак Близнаци, која ќе ве направи почувствителни од вообичаено. Дополнително влијание ќе имаат и Меркур и Марс. Во случај да останете во необврзувачка сексуална врска со некој колега, може и да се појават ситуации на напон и работите меѓу вас да станат непријатни. Добро размислувајте за своите постапки.

Близнаци
Во оваа недела ќе бидете исклучително чувствителни за се што е поврзано со љубовта. Можно е да сте имале очекувања, кои да не се случат така, како сте сакале. Обидете се да се види позитивно на настаните. Промени во љубовта ќе се случат, особено за оние од вас кои немаат половина до себе.

Рак
Ова можеби нема да биде најдобрата недела за љубов и романтика. До петок Меркур ќе биде во спротивен агол кон Марс, кој се наоѓа во секторот на љубовта. Вие и партнерот ќе се возбудувате од прашања поврзани со пари, деца, сексуалниот живот.
И двајцата нема да сакате да правите компромиси и тоа само ќе ги влоши работите. Размислете добро пред да дејствувате и зборувате.c5fcbc11c5917397f027046cc61a4541

Лав
Во последната недела од јули ви се дава можност да остварите подобра комуникација со партнерот, но само ако сте внимателни. И двајцата ќе бидете отворени кон идеите на другиот.
Идеите ќе додадат повеќе возбуда во вашата врска. Ако сакате да поразговарате нешто поврзано со домот, направете го во петок, запазувајќи го добриот тон.

Девица
Неделата може да започне со мала конфузија во љубовта за родените во знакот на знак Девица. Во саботата сè ќе почне да се разјаснува. Меркур ќе ви помогне да ги споделите вашите мисли и чувства без многу напор. Ќе ја подобрите и комуникацијата со партнерот. Вашите зборови ќе имаат силно влијание во овој момент, затоа обидете се да ги користите мудро.

Вага
Важен разговор со вашата сакана ќе оствари една ваша цел. Периодот е погоден за чување на важни разговори. Дијалозите меѓу вас ќе се остваруваат правилно. Ќе има и хармонија помеѓу вас и партнерот. Уживајте во добрата љубовна клима и исполнете ги своите соништа.

Скорпија
Напната ќе биде неделата во љубовен план за родените во знакот на Вага. Ќе ви биде тешко да се воздржувате од емоции и има ризик да кажете или направите нешто за што ќе жалите во подоцнежна фаза.
Дури и да се откријат романтични можности пред вас, вие ќе ги уништите, ако не се воздржувате. По саботата Меркур ќе има позитивно влијание на комуникацијата со партнерот.6b1ffaf439d307a1965a9a99296dffc9

Стрелец
Ако се наоѓате во врска, тогаш оваа недела ќе успеете да се поврзете на едно подлабоко духовно ниво. Ќе ги споделите со партнерот вашите идеи за заедничка иднина. Исто така ќе дознаете нешто ново еден за друг, а можеби ќе откриете дека мислењата во некои точки се совпаѓаат. Сето тоа ќе ве натера да се чувствувате среќни и вљубени.

Јарец
Малку конфузија може да има и во љубовниот живот на Јарците. Можно е да побарате помош од пријател по прашање поврзано со љубовта, но тоа само ќе ви донесе проблеми и разочарувања. Подобро одложете го донесувањето на одлуките за некое време. Ако се наоѓате во сериозна врска, обидете се да  дадете поттик на романтиката во овие денови.

Водолија
Комуникацијата со партнерот продолжува да биде добра. Во средината на неделата ќе имате можност да остварите возбудливи разговори, но бидете внимателни во петокот. Прашање поврзано со вашата работа може да го расипе расположението и да ги пренесете негативните емоции на саканата.
Воздржете се колку можете и побарајте поддршка од партнерот. Тој или таа ќе пројави разбирање, само ако успеете да се согласите со добриот тон на комуникација.

Риби
Во саботата Меркур ќе се движи во вашиот сектор на партнерството, каде ќе се задржи за подолго време. Како резултат ќе се сослушувате многу повеќе со саканата, разговорите ќе одат полесно од вообичаено. Можно е и да решите старо прашање, но само со заеднички компромис. Некои од вас ќе направат и планови за заедничка иднина.