Кои се петте најсиромашни држави во светот

од desk3
81 прегледи

Често ја определуваме Македонија како сиромашна европска земја, но други држави се далеку пооштетени економски. Во овие 5 земји сиромаштијата е подигната на сосема друго ниво.

Еритреја

655-402-dyrzhavi

Таа се одделува од Етиопија во 1993 година, но беше силно погодена од италијанските колонизатори во 19-тиот век, бидејќи се наоѓа на стратешко место, од каде може да се контролира Суецкиот канал.

Поради оваа причина Италијанците ја колонизираат само една година по отворањето на каналот.

Денес економијата на Еритреја не е подобрена особено и скокнала само со 1.2% помеѓу 2005 и 2008 година.

Бурунди

655-402-dyrzhavi (1)

Нејзината територија никогаш не се радува на мирни времиња и како резултат на тоа е четврта најсиромашна земја во светот.

Околу 80% од населението на Бурунди живее во сиромаштија, а 57% од децата на возраст под 5 години страдаат од хронична неухранетост.

Зимбабве

655-402-dyrzhavi (2)

Покрај една од најсиромашните земји, Зимбабве е исто и земјата со најмал животен век во светот – 37 години за мажите и 34 за жените.

Една од причините за големата смртност е дека 20% од населението е заразено со ХИВ и СИДА.
Либерија

655-402-liberiia
Либерија е една од ретките земји во Африка, која не била колонизирана од Европа.

Наместо тоа, земјата е основана и колонизирана од ослободени американски робови.

Тие станаа елитата на општеството во земјата и издигнале држава, слична по устројство на САД.

Во 1980 година претседателот на Либерија е соборен и во земјата следува период на нестабилност и граѓанска војна.

Денес Либерија се опоравува од опустошувачките ефекти на војната додека 85% од населението живее со помалку од $ 1 на ден.

Демократска Република Конго

Map of Democratic Republic of the Congo through magnigying glass
Во 2010 година поранешниот Заир станува најсиромашната земја во светот. Втората конгоанска војна од 1998 ја опустошува земјата. Војната во која учествуваат најмалку седум странски армии, е најсмртоносниот конфликт во светот од Втората светска војна наваму. До 2008г војната довела до смртта на 5.4 милиони луѓе.