(ВИДЕО) Ребалансот на Буџетот да се повлече додека да се расчисти скандалот со еврообврзницата

од desk3
77 прегледи

 

СДСМ смета дека Ребалансот на Буџетот којшто денес е на дневен ред треба да биде повлечен се до расчистувањето на законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра.

После вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери дека Министерството за финансии не побарало правно мислење за издавањето на еврообврзницата што е законска обврска согласно Законот за јавен долг, член 18, став 6. станува јасно дека е прекршена законската процедура за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра.

1879-marjanco nikolov

Со оглед дека овие 450 милиони евра дополнително беа калкулирани во Ребалансот на Буџетот за 2016 година и тоа после завршувањето на амандманската расправа како дополнет предлог од Владата сметаме дека до расчистувањето на скандалот со прекршувањето на постапката за издавање на еврообврзницата Ребалансот треба да биде повлечен за Собранието не биде доведено да изгласа Буџет кој навистина е нереален.

Се поставува прашањето:

Што ако заради прекршување на Законот за јавен долг и постапката за издавање на еврообврзницата истата биде поништена, а Собранието го изгласа Ребалансот со калкулираните 450 милиони евра и истите бидат потрошени. Кој ќе ја сноси одговорноста?

Нашето мислење за Ребалансот го кажавме на неколку прес-конференции и истакнавме дека ваков Ребаланс со којшто се намалуваат капиталните расходи, а се зголемува буџетскиот дефицит е само уште еден чекор напред кон зголемување на јавниот долг и зголемување на сиромаштијата на граѓаните.