Кризата во Турција ги слабее позициите на НАТО во регионот

од desk3
64 прегледи

 

Во долгорочна перспектива односите меѓу НАТО и Турција нема да бидат поткопани. Нестабилноста во Турција значи слабеење на постоечкиот до моментот фундамент на стабилност на НАТО во регионот. Ова автоматски претпоставува слабеење на Алијансата во овој дел на светот.

erdogan
Но во никој случај јужното крило на НАТО не е целосно скршено. Тоа е тежок потрес, но во среднорочна перспектива ситуацијата повторно ќе се врати и стабилизира.

Промени во надворешната политика Во областа на надворешната политика и безбедноста треба да се очекуваат најмалку промени, отколку ако во земјата беше дојдена на власт војската. Американците јасно ставија до знаење дека не можат да соработуваат со воена диктатура.
Во таква ситуација требаше да се откажеме од воената база Инджирлик која е од исклучително значење за борбата против “Исламска држава”. Најголемите промени ќе влијаат на политичкиот систем во Турција. Десетици илјади државни службеници се отстранети од работа, илјадници се приведени.

turcija
Мерките кои ги презема претседателот Реџеп Таип Ердоган имаат за цел да и потпомогнат и да ја стабилизираат неговата влада, неговото владеење, но за самиот државен апарат тие значат првенствено слабеење. Да, има кризна ситуација. Фала му на Бога што не води во насока “неуспешна држава”.

Терор и хистерија во Германија

Во исто време овие денови турските воздухопловни сили ги нападнаа Курдите, што покажува дека армијата останува во улогата на инструмент на цивилната влада. И во исто време со тоа се нагласува дека државата има потреба од своите Вооружени сили.
Распаѓање на државноста

Најголем проблем е разнишаната државност во регионот. Турција е далеку од овој процес, но таа има заедничка граница со Ирак и Сирија. Ако пучот беше успеал, превирањата би биле многу потешки отколку што се во моментот.

————
Герд Португал, германски експерт за безбедност за Дојче веле.