Михајловски до МПМ: Ќе носите цели фамилии на душа, ќе избркате погрешни луѓе!

од Vladimir Zorba
78 прегледи
goran-mihajlovski1

Поранешниот уредник и основач на „Вест“ Горан Михајловски реагира до МПМ по информациите дека од дневниот весник ќе бидат отпуштени девет новнари.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

Дами и господа од МПМ,

Дознав дека ќе бркате девет луѓе од ВЕСТ затоа што лајкувале статуси на www.sakamdakazam.mk или сте ги виделе дека пијат кафе со мене.

Ќе носите цели фамилии на душа. Ќе избркате погрешни луѓе.

Бидете доблесни и признајте си го неуспехот што ви го донесе новиот кадар во уредувачкиот тим.

А, тоа што вашите новинари лајкуваат на Фејсбук теми од други медиуми е само доказ дека не можат да си ги лајкнат во својот медиум затоа што не смеат да ги објават.

А , јас ќе продолжам да пијам кафе и со тие што нема да ги избркате бидејќи со некои од нив сум живеел и работел повеќе од 20 години и колегијалноста преминала во пријателство. Со многу од нив и децата заедно ни растат.

Срдечен поздрав,
Горан Михајловски