(ВИДЕО) Роботот Ема прави беспрекорна источна масажа

од desk3
76 прегледи

Заборавете на вештите тајландски физиотерапевтки, во нивна замена доаѓа роботот Ема која делува подобро од професионалците, и прави совршена источна масажа, пишува “Дејли мирор”.

masaza
Името на апаратот Ема е акроним од Expert Manipulative Massage Automation. Роботот користи три-димензионална технологија и сложен систем на сензори за да ја утврди вкочанетоста на мускулите на пациентот и реакциите на манипулациите.
Апаратот е изработен од Алберт Цзан од Технолошкиот универзитет во Сингапур. Во изминатата недела Ема масираше 50 пациенти со многу добри резултати. Меѓу нив фигурираат претежно професионални спортисти со најразлични поплаки.