Да не “писнат” во Бугарија – на лов за бурки !

од desk3
91 прегледи

За три месеци во Пазарџик се казнети барем 7-8 жени кои носат со бурка. Многу други пак не смеат да излезат од дома. “Живееме како во домашен притвор”, велат пред DW засегнатите од забраната за целосна забулување.

0,,18436934_303,00

Пред неколку дена 16-годишната Мелиса Карталова презеде голем ризик – излегла од дома со бурка и се качила во автомобилот на еден роднина. Успеале да поминат само дваесетина метри, бидејќи ги запрел полицаец и ја одвел девојката во МВР.

Непосредно пред три месеци Пазарџик стана првиот град во Бугарија, кој забрани на јавни места да се носи облека која го покрива лицето. Казната е 300 лева за прво забулување и 1.000 лева за повторно носење. Одлуката се прослави како “забрана на бурка”, иако всушност станува збор за “никаб” – платно кое ги покрива главата и телото на жената со процеп за очите.

Понижување

“Штом влеговме во зградата на МВР, полицаецот ми рече да го соблечам никабот”, раскажува Мелиса, која била казнета на место за носењето на оваа облека. Тврди дека околу неа во полицијата имало само мажи. И дека не може да се опише со зборови како се чувствувала кога била принудена сама да го открие лицето пред нив. И помага нејзината другарка Светла, 40-годишна муслиманка за која чувството се исцрпува со еден збор: понижување.

Ердоган: Морам да го слушам турскиот народ, а тој сака смртна казна

И двете седат на земјата во собата за жени на џамијата Абу Бекир. И двете носат никаб, кој е под брадата само за времето на разговорот. Тврдат дека во Пазарџик има вкупно околу 30 целосно забулени жени. Барем 7-8 од нив веќе биле казнети за носење на “бурка” – факт објавена за првпат.

Началникот на полициската станица во маалото Иван Ганчев не ги потврди и не ги отфрли овие податоци. “Ги познавам традициите, обичаите, религијата и животот на овие луѓе, но нема да коментирам ништо за случајот”, рече тој.

Забраната – само формален повод?

Ромскиот кварт на Пазарџик брои околу 30 000 луѓе. Две третини од нив се определуваат како турска муслиманска заедница. Обединувачкиот нејзин центар е џамијата Абу Бекир – место, со кое се поврзани 14-те обвинети во “случајот за радикален ислам”. Еден од оние обвинети е и сопругот на Светла- Ахмед Муса, кој година и половина е во затвор. Во почетокот двајцата сопружници се гледале по два пати во месецот, за време на дозволените посети, но пред повеќе од една година Светла престанала да оди во затвор. Еве зошто:

“Во почетокот, кога одев на за гледање, на влезот имаше жени кои ме проверуваа. Јас го симнував никаб пред нив, тие ме претресуваа, а потоа влегував во затвор. Но тоа се промени, веќе нр проверуваа само мажи “, вели таа. За неа е незамисливо да биде претресен или соблекувана од маж, затоа останува дома. Убедена е дека замената на жени-полицајци со мажи-полицајци е извршена “намерно” – колку да го предизвика токму тоа чувство на понижување што ќе ја натера да си остане дома. И дека забраната на никабот е започната далеку пред Општинскиот совет во Пазарџик да ја наметне формалната забрана.

“Бидејќи сме го прифатиле Алах!”

0,,19426165_404,00
Мелиса го поддржува тоа облекување, а го го потврдуваат и останатите шест целосно забулени жени кои учествуваат во разговорот во џамијата. Повеќето се на возраст меѓу 14 и 18 години и не одат на училиште, бидејќи веќе го “прифатиле Алах”, како што велат две од нив. Излегувањето од образовниот систем било за некои во петто одделение, за други – во шесто или седмо. одлуката е донесена не само од религиозни причини, но исто така и од страв да не бидат “украдени” од некое момче, додека одат или се враќаат од училиште.

Денес присуството на општата за сите молитва е речиси единствениот социјален настан во животот на девојките со никаб. И така е веќе три месеци. Откако забраната на “забулувањето” е влезено во сила, тие речиси не излегуваат од дома. “Живееме како во домашен притвор”, вели Светла. И додава дека некои жени веќе се откажале од никабот, под влијанието на нивните сопрузи: “Жена ти да не може да ги одведе децата на училиште, да не може да пазарува, ниту да оди на лекар – некои мажи не го издржаа ова “.

На повторно прашање дали забраната на Градскиот совет го зголеми бројот на жените со никаб или обратно – ги довело ли е дотаму што некои да се откажат од него, таа одговори без размислување: второто. “Тоа живот ли е – да седиш дома, зашто пред вратата те демнат полицајци”? – прашува реторички таа.

Разговорот со мажите од муслиманската заедница потврдува дека во соседството има напорно полициско присуство. Според Јашар Мустафа, претседателот на џамискиот одбор, во последните три месеци полицијата е постојано во соседството и тоа токму околу куќите на луѓето кои се “поблиску до Алах”. Во некои часови од денот дури изгледа дека полицајците “тргнале на лов за бурки”, додава тој. “Точно!” – извика зад неговиот грб десетина негови сограѓани, кои во меѓувреме се собраа во дворот на џамијата. “Сега ловат бурки, ама пред тоа ловат терористи”, се јавува еден. “А помниш ли како не споредуваа со Ал Каеда”, извикува друг. “Сега веќе велат дека сме од ИД” – возкликнува трет. “Се кладиме дека за две недели ќе не прикажат ја за Ердоганисти, ја за Ѓуленисти” – изјави Јашар Мустафа, говорејќи за настаните во Турција. за мажите во дворот на џамијата “ловот на бурки” не е ништо повеќе од лов против нивната религија.

Надвор од соседството

0,,19426141_404,00
“Ооох, значи кај нинџите сте отишле!” Зборовите се на маж од ромско потекло со муслиманска религија, кој држи кафуле со големина гаража на километар од џамијата Абу Бекир. Тврди дека ги нарекува забулените жени “нинџи”, бидејќи “нема сила”, која ќе му ја објасни потребата од никаб. Тој самиот оди во традиционалната џамија во центарот на Пазарџик и таму “нема такви работи”. На прашањето треба ли да се забрани никабот, крева раменици. “Како да одат” – вели. На влезот на кафулето е вметнат кафез со два бели гулаби. Сопственикот тврди дека гледањето на такви гулаби е хоби во целиот Пазарџик, вклучувајќи и околу новата џамија. Не слушнал дека бели гулаби се симбол на мирот.

Во автосервис во близина на центарот двајца браќа го објаснуваат носењето на “бурка” како “нивни обичаи”. Но додаваат дека виделе целосно забулени жени само на телевизија. Многу се изненади кога дознале дека и во Пазарџик има такви. Двајцата ја објаснуваат забраната како страв за безбедноста, манифестација од Градскиот совет: “Како да видиш човек кој целиот е скриен, сè може да носи одоздола. И бомби, и сè”, додаваат тие.

Можат да избираат

Толку ли е задолжително носењето на никаб? Прашањето настанува поради многуте жени кои се шетаат низ маалото со отворено лице и во разговор не се жалат дека нивната религиозност е ранлива. Одговорот доаѓа од Али Салим, 32-годишен имам, кој студирал во Срница. Тој тврди дека Куранот на две места споменува покривање на жените – во Сура Нур, стих 31, како и во Ахзаб, стих 59. И дека четворицата големи толкувачи на Куранот исто зборуваат за задолжително покривање на главата и телото, но двајца од нив дозволуваат дека лицето сепак може да биде отворено.

0,,19426142_404,00
По се изгледа дека во Пазарџик го прифатиле токму последниот пристап – оној кој дозволува избор. Неколку муслиманки избрале целосно покривање, повеќето одат со откриени лица, но сите се дел од иста религија нат околу 20 000 луѓе.

За историјата на женската муслиманска облека во Пазарџик сите соговорници имаат консензуална приказна: никабот е носен до крајот на 70-тите години на 20 век, кога отишол со смртта на постарата генерација. Кога во 80-тите години Комунистичката партија ја забранува оваа и другата верски облека, се покажува дека во маалото мерките практично нема на кого да влијаат – израснала генерација која не е приврзана кон барањата на религијата. Репресијата на 80-тите години тука се почувствувана преку промената на имињата и забраната да се зборува на турски. “Секој понеделник одевме во кино во центарот, да гледаме нов филм” – се сеќава 54-годишниот Јашар Мустафа. “Штом не чуеја да зборуваме на турски меѓусебно, не казнуваа со по 5 лева”. Но казни за носење на никаб? Не, тоа е непознато нешто во 80-тите години, за време на т.н. “Процес на обнова” и во оваа токму маало.

По речиси две децении отсуство од улиците, првите никаб се појавуваат во Пазарџик во 1996 година – точно кога Јашар Мустафа, заедно со Ахмед Муса, кој сега е уапсен, и заедно со неколку нивни соседи, решаваат да направат сопствена џамија. Оттогаш до денес во Пазарџик има триесетина жени кои прифатиле покривање на лицето.