Претставници од Курир, Сител, Република и ТВ Нова ќе го водат новиот синдикат на новинари. Станува збор за паралелен синдикат, со оглед на тоа што веќе шест години постои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, нешто што само ја докажува поделеноста во новинарската фела, информира Бирн.

Претседател на новиот синдикат, според Централниот регистар е Градимир Марковски, уредник во ТВ Нова. НСНМ има и свои подружници – претседател на синдикалната организација на ТВ Сител е Ивона Талевска, на Република – Билјана Бабиќ, a на Курир – Ивана Ефремовски.
БИРН веќе пишуваше дека голем дел од вработените во провладините медиуми се соочувале со притисоци при потпишувањето на членството во новиот синдикат. Дел од новинарите кои одбивале да ги потпишат пристапниците, според информациите од новинарите кои не сакаа да зборуваат јавно, наишле на закани дека ќе бидат избркани од работа, дека нема да добијат плата и сл.
„Дојде главниот уредник и рече дека колку пристапници донел во редакцијата, исто толку, само потпишани, мора да ги врати“, сведочеше за БИРН новинар од провладин медиум пред 5 месеци.
Градимир Марковски, претседателот на новиот синдикат, не одговараше на нашите телефонски повици за да образложи од кои причини е формиран, кои се целите на НСНМ и колку членови има. Ивана Ефремовски од Курир, пак, ни изјави дека нема информации колку членови брои новиот синдикат.
текстот во целост прочитајте го тука