Се изнаслушав муабети како Оги “претерал” со активизмот, како “требало да биде поумерен во критиките кон власта”, како “си ставил глава у торба”, како “зезнал одличен бизнис” и така натаму. Ми се блуе од такви опортунистички фазони.

Ми се темни од “добронамерните” совети на многумина кои со молчење и со вртење на главата си ги спасуваат бизнисите, платите, фамилиите, животите. Од оние кои порадо би се правеле при очи слепи и при уши глуви, отколку гласно да се спротистават на убиства, криминал и пустошење на нивната земја.
Ми се темни од оние кои сите овие години во себе не најдоа минимум човечност и солидарност за барем да се побунат против неправдите кои им се нанесуваат ако не ним, на нивните сограѓани и пријатели. Со ова немам намера ниту да го глорифицирам Оги, ниту пак да го сожалувам. Ниту него, ниту било кој од оние ХРАБРИ луѓе кои се на улиците сите овие долги и мачни десетина години.
За мене секој оној кој на било кој начин го искажал својот револт против оваа мафија е херој, затоа што, верувале или не, драги безгласни сограѓани, сите тие луѓе исто како и вас, имаат свои бизниси, фамилии и животи. Се гледаме денес во Излет. #протестирам #protestoj #шаренареволуција
Соња Исмаил Огненоска
фејсбук статус