На 24 јули бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев изјави дека руски воени авиони со исклучени транспондери влегувале четири пати во текот на изминатиот месец во “бугарската зона на одговорност во воздушниот простор на НАТО” и Бугарија побарала објаснување од Москва.

На 25 јули Министерството за одбрана на Русија ги демантираше тврдењата на шефот на бугарското воено министерство. Воздушно вселенските сили на Русија летаа над акваторија на Црното Море, но нивните правци одговараат строго на меѓународните правила за користење на меѓународниот воздушен простор. Порано од НАТО постојано изјавувале за опасната активност на руските ВКС над Балтикот. По појавата на слични провокативни изјави стојат прашањата: колку далеку од границите на Бугарија се протегаат границите на бугарската зона на одговорност на НАТО и какви мерки е способна да преземе Софија?
Европа е блиску до поделбата на светот
Воздушниот простор на Северноатлантскиот сојуз нема и де-јуре не може да има, бидејќи НАТО – не е држава. “Зона на одговорност на НАТО” – звучи креативно, но е истиот правен апсурд. Впрочем, како резултат на долгогодишните напори на Алијансата самото меѓународно право постепено се претвора во систем со подвижни координати.
Докази за кршење на бугарскиот воздушен простор од руската авијација исто отсуствува, но настанот на европско непријателство во однос на Русија е плод со корени од другата страна на океанот. “Форбс” истакнува: “Русија ги прекршила плановите на НАТО и САД и во Црното Море”.
“Исламска држава” предупреди кои градови ќе бидат следната цел на терористички напади
По враќањето на Крим во составот на Русија Црното Море се прикрива од систем на ПВО, суперсонични противбродски ракети со дострел од 600 километри, современи авиони, борбени бродови и подморници “. Неверојатното / уште едно/ геополитичко понижување на “добродетелниот хегемон”. Веројатно, од гледна точка на Западот, сега сите компезациски средства се добри, вклучувајќи и плукнање оддалеку на лагите на бугарскиот министер за одбрана.
Општо познато е дека во земјите од НАТО на раководни армиски позиции се именуваат луѓе на САД. Реториката на Николај Ненчев е целосно очекувана и не е нова. Уште во 2014 година рускиот амбасадор Јуриј Исаков ги демантираше тврдењата на Софија дека руски авиони вршат непланирани летови недалеку од бугарскиот воздушен простор. Ние плански летаме во Европа веќе второ столетие.

Помеѓу рускиот Севастопол и бугарското пристаниште Бургас растојанието е само 545 километри. Односно при потреба за контрола на бугарскиот воздушен простор од ВКС на Русија се доволни радарите на ЗРК С-400 во Крим. Нема потреба да се грижат соседите со воени летови. Затоа, и Русија не гледа тука голема закана. Парадоксот се состои во тоа што Русија, како и предходно и обезбедува одбранбени капацитети на Бугарија, во основата на ВВС имаат 12 ловци Миг-29 и два Миг-29УБ. Претходно истиот тој Ненчев со загриженост ја одбележа 90-процентната зависност на бугарската воена авијација од Русија. Веројатно, поради таа причина Софија фактички се откажала од своите ВВС, затоа пак распоредила на својата територија еден од 6-те координативни штабови на Алијансата. И редовно обезбедува со сето потребно борбените бродови на сојузниците на база во Бургас.
Такви всушност се неколкуте “превентивни мерки”, на кои е способна бугарската влада. На сличен начин во предвечерието на Втората светска војна / 1939-1945 / бугарскиот цар Борис Трети / 1918-1943 / се приклучи на силите на Хитлерова Германија.
Алијансата не ја маскира волјата на САД,
Одделни земји од НАТО упорно и несовесно да се стремат кон војна со Русија. Во почетокот на јули алијансата одржа самит во Полска и по барање на “балтичките јастреби” испрати 4.000 војници и воена техника кон границите на Русија. Во оваа врска изданието “Атлантик” пишува: “Во заклучниот документ на средбата се осудуваат” агресивните дејствија на Русија, вклучувајќи и провокативна воена активност во периферијата на НАТО “.
Но, каде се наоѓа истата периферија на НАТО? На Карибите? Не, во “Балтичкиот и црноморскиот региони”. Земјите од Источна Европа објективно не се заинтересирани да ризикуваат. Разгорувајќи страсти околу Русија, тие преземат врз себе не помала одговорност од САД со нивните илузионистички ветувања за заштита, продолжува весникот. Ако се случи војна, која со нетрпение ја очекуваат одделни источноевропски држави, тие едноставно ќе престанат да постојат. Впрочем и предходно овие држави се создаваа и преживеаа благодарение на милоста на глобалните играчи. При таква непријателска атмосфера Москва прави се што е можно за да се спречи една војна. Но Русија не може да биде послаба, отколку што е.
Дури американското издание “The National Interest” признава неволно дека со воената авијација Русија ќе го зачува лидерство со децении. А “Њусвик” забележува растечки можности на воената флота: “Русија нема да го пушти НАТО во Црното Море”.
Економијата на Русија уште не е пропаднатата. Секој месец на противење ги засилува меѓународните позиции и вооружените сили на Русија. Што може да се спротивстави на овој објективен процес, ако европските сојузници засега не се подготвени за војна?
По волјата на Вашингтон продолжува информациско-идеолошкото пребојување на Русија во црна боја. Во главите на западниот државјанин се создава траен образ на бандитска држава, во однос на која не треба да дејствуваат законите или Повелбата на ОН. САД го гледаат светот во динамика. Ако тоа одговара на интересите на Вашингтон, прифатливо е да се уништуваат држави и да се создаваат нови држави преку перманентна војна или планирана револуција. Порано во процесот на планетарното формирање, СССР се обидуваше да ги замени народните традиции со комунизам, а сега САД “со оган и меч” го носат на светот вистинската и самопобедувачка демократија. По примерот на Украина, Ирак, Либија, Сирија се гледа до што води американскиот модел на “легитимни аспирации”. И не е тешко да се замисли до што ќе доведе отворена судир со Русија.
Провокативните антируски изјави на министри и политичари од Бугарија, Полска, Балтикот е маска која не ја прикрива суштината на тековниот во Европа глобален судир на интереси. Со маневрирањето во Балтикот или во Црното Море, САД и Русија се подготват за интерконтинентална војна во која волно или неволно ќе бидат вклучени десетици други држави. Сметам дека на Американците и Европејците кои сакаат да учествуваат во борбените дејства на страната на САД, победата не им е загарантирана. НАТО стои пред границата на Русија. Западот веќе ја постави Москва во стратешки непријатна ситуација. Сега секое невнимателно движење на Алијансата може да повлече решителен и многу остар одговор на Русија. / БГНЕС
————— Александар Хроленко, аналитичар на РИА “Новости”