(ВИДЕО) СДСМ: Ставаме крај на партиската држава, ги повикуваме професионалците!

од desk3
94 прегледи

 

На Македонија и треба и поинаква политичка култура.

Македонија не се политичките партии, ниту една, ниту четири туку нејзините граѓани.

И за нив, партиската држава во што се претвори Р.Македонија е лоша држава.

Затоа сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промените во овој дел. Промените коишто сметаме дека треба да и се случат ги започнуваме и ги започнавме и од себе.

4085-radmila sekerinska

Затоа, СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад хок телото коешто ќе врши контрола мониторинг на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период.

Истиот повик го упатуваме и во делот на кандидати за главен и одговорен уредник
на Македонската телевизија.

Граѓаните имаат право да ја слушнат вистината, а не само партиски платени лаги.

На Р.Македонија и се неопходни фер и демократски избори.

Такви избори се невозможни ако медиумите не известуваат објективно и професионално.

Заради тоа, МТВ не смее да е телевизија на ВМРО-ДПМНЕ ниту на која било друга партија.

МТВ е на граѓаните и СДСМ го почитува и ќе го почитува тоа.

Ќе покажеме дека промените во Македонија веќе почнаа.

Ќе покажеме дека ставаме крај на партиските стеги и медиумски мрак.

Ќе покажеме дека во оваа наша Македонија може подобро и мора поинаку.