Али Давид С., 18-годишниот Германец со иранско потекло, бил десен екстремист. Ова е новата хипотеза на истражителите, базирана на докази, откриени во текот на истрагата за пукањето во баварската престолнина од 22 јули, соопшти националниот весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Извори од силите за безбедност откриваат дека според изјавите на Али Давид С. тој бил горд што како човек со ирански корени бил “ариец” – исто како и Германците, бидејќи Иран е татковината на ариевската раса. Младичот е роден на 20 април 1998 година – датумот на кој е роден и Адолф Хитлер, и не го криел задоволството од тоа појавување. Поради овие причини младичот чувствувал чувство на “супериорност” над останатите странци во земјата, објаснуваат изворите на весникот.
Инспекторите работат на хипотезата дека Али Давид С. го планирал убиството на многу повеќе луѓе отколку што загинаа во пукањето во Минхен. Доказ за тоа се повеќе од 300 куршуми пронајдени во ранецот . Негова цел биле луѓе со миграциско потекло. Меѓу жртвите беа тројца младинци со турско потекло и 45-годишна Турчинка. Тројца други од убиените беа младинци со косовско-албанско потекло, потсетуваат од редакцијата.
