Во текот на донаторската забава, полицијата го казни сопственикот на Излет за прегласна музика

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Во текот на вечерашната донаторска забава во кафето Излет огранизирана за собирање финансиски средства за  казната која беше изречена кон сопственикот на овој локал дојде полиција и го казни сопственикот на кафето за пуштање прегласна музика, информираат очевидци за Либертас.

0_izlet

-Полицијата пристигна некаде пред 12.30 часот и му рекоа на сопственикот да ја исклучи музиката. Тој одговори дека има лиценца да пушта музика до 00.50 и  дека може само да ја намали. Полицијата потоа му напиша казна и му се закани со приведување – изјави очевидец на настанот за Либертас.

-Излет за кратко време стана еден вид на упориште за граѓаните од Шарената Револуција, кое претходно беше и офарбано од страна на непознати лица.Овој пат притисоците кон локалот се далеку поголеми и посериозни. Откако сите инспекции не можеа ништо да најдат во локалот претходниве месеци, се случува следното: се работи за казна за наводен прекршок од пред повеќе од четири години, која досега неколку пати е побиена пред Управниот Суд, но сега повторно е ефектуирана. Сметката на локалот е замрзната и прекршочната казна, изречена од трудова инспекција, е во височина од неверојатни 250.000 денари. Повторно сме им потребни на нашите сограѓани и соборци. Не смееме да дозволиме да не’ поттиснат и да не’ обехрабрат. Само заедно сме посилни. Нема да му дозволиме на режимот да не’ тероризира! -гласеше најавата за вечерашната донаторска забава./Либертас