Грција и Велика Британија со рекорден пад на платите

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Платите во Полска се зголемиле за 23%, во Германија со 14% и во Франција со 11%

евра пари

По финансиската криза реалните плати во Велика Британија се намалиле најмногу во споредба со другите напредни држави, според истражена студија , пишува весникот Гардијан.Извештај на TUC, објавен во средата, покажува дека реалните приходи се намалиле за 10% од 2007 година, што ја става Британија на дното на листата со раст на платите. За истиот период 2007 – 2015 година платите во Полска се зголемиле за 23%, во Германија со 14% и во Франција со 11%, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).Просечното зголемување на платите меѓу членовите на организацијата е 6,7%.Велика Британија, Грција и Португалија се трите држави од ОЕЦД, при што реалните плати се намалиле.