Куќата на Ѓулен во Турција ќе стане јавен тоалет

од Vladimir Zorba
172 прегледи

 

– Родната куќа на имамот Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар што се случи кон средината на овој месец, ќе биде пренаменета во јавен тоалет, јавија локални медиуми.врата гулен

Ѓулен е роден во еднокатна куќа во местото Коруџук, во провинцијата Ерзурум во централна Турција, но моментно живее во егзил во САД, во сојузната држава Пенсилванија.

Како што јавува порталот „Бејаз Газета“, родното живеалиште на Ѓулен ќе биде претворено во јавен тоалет на барање на локалните жители.

По обидот за преврат на 15 јули, револтирани граѓани низ Турција секојдневно палат примероци од книгите на Ѓулен.