Дилерите на дрога во Рио де Жанеиро, исто така се подготвуваат напорно за Олимписките игри од 5 до 21 август.
Тие пакуваат кокаин и крек во кесички со логото на Олимпијадата – секогаш најпрепознатливите пет олимписки круга. Полицијата во Рио соопшти дека уапсила за време на рацијата во вторникот вечерта 93 такви пакетчиња со кокаин и 28 – со крек. Акцијата била спроведена во квартот шепа во историскиот центар на градот, познат како место за забава и ноќен живот. Кон ќесето дрога се закачени ливчиња со логото на Олимпијадата. Во Рио се очекува за време на Олимписките игри да пристигнат околу 500 000 луѓе. / АФП