Поставена бомба, пожар, ограбени куќи, настрада мигрант, сообраќајки, чувари не чувале објект…

од desk3
97 прегледи

Tetovo-policija.jpg
На 27.07.2016 година околу 09.00 часот во Скопје, во фабрика Железара, на sидот од Хемиската лабораторија, вработените забележале дека е прикачена експлозивна направа. Од страна на екипа од Антитероризам излезено било на местото на настанот и констатирано е дека се работи за стара направа, која е подигната за понатамошна постапка.

На 27.07.2016 година во 21.45 часот во ПС Гостивар браќата З.М. (52) и Н.М. (47), двајцата од с.Симница, гостиварско, пријавиле дека во периодот од 20 до 27.07.2016 година во нивните куќи непознат сторител извршил тешка кражба. Истите пријавиле дека сторителот им одзел поголема количина на златен накит во вредност од по 1.200.000 денари, но не оставил траги на насилно влегување. Увид на местото на настанот извршила екипа од НККР Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 27.07.2016 година во 05.00 часот во Штип на ул.„Јајце“, од засега непознати причини настанал пожар во шупа, сопственост на П. Н., а се проширил и зафатил друга шупа сопственост на М. М. од Штип. Во пожарот изгореле двете кровни конструкции. Од страна на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.
На 27.07.2016 година во 08.10 часот на железничката станица Табановце, наспроти кампот за мигранти, на третиот колосек, во вагон на товарен воз се криел Е.У., мигрант од Алжир. Истиот дошол во допир со високонапонски кабел, при што се здобил со повреди. Од страна на екипа од Итна медицинска помош Куманово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите веднаш бил упатен во Ургентен центар Скопје. Од страна на екипа од СВР Куманово е излезено на местото на настанот и товарниот воз бил задржан поради вршење на увид. Останатиот железнички сообраќај не бил во прекин.
На 27.07.2016 година околу 10.40 часот на регионалниот пат раскрсница Дојранска во Валандово, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.П. (53) од с.Куклиш и ПМВ „Застава 128“ управувано од Т.Г. (80). Во незгодата со повреди се здобиле возачот на ПМВ Т.Г. и сопатникот Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде Т.Г. им подлегнал на повредите. На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.
На 27.07.2016 година околу 19.20 часот на регионалниот пат Велес – Скопје, во близина на Езеро Младост, се случила сообраќајна незгода во која Ј.Р. (42) од Велес, управувајќи ПМВ „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, удрил во едногодишно дете од Германија. Во незгодата детето се здобило со повреди и со возило на Итна медицинска помош Велес бил пренесен во Општа болница Велес, каде од страна на доктор била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатото дете ќе се врши обдукција на 28.07.2016 година во институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител, возилото е однесено на технички преглед во АМСМ Велес.
На 27.07.2016 година околу 03.15 часот на регионалниот пат Куманово-с.Лојане се случила сообраќајна незгода во која В. И. (22) од с.Лојане, кумановско, управувајќи ПМВ „Сеат Толедо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот. Во незгодата В.И. и сопатникот Ј.З. (19) од с.Лојане, се здобиле со тешки телесни повреди. Во општата болница Куманово им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите В.И. бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.
ПС Kичево поднесе кривична пријава против Н.Н. (50) од с.Бериково, кичевско, и З.Н. (54) од с.Видрани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 18.04.2016 година, пријавените на работни места „послужител на траки и пресипни места“ во службата за производство во ПЕ-ТЕ во АД Електрани на Македонија-Скопје, Подружница РЕК Осломеј во с.Осломеј, во периодот од 13.30 до 14.00 часот и во периодот од 14.00 до 14.20 часот, самоволно го напуштиле работното место, со што на непознат сторител му овозможиле, насилно да ја отвори влезната врата од објект кој бил во склоп со нивното работно место и од внатрешноста да одземе високонапонски кабел со должина од околу шест метри, ниско напонски кабел со неутврдена должина и оксигенско црево со манометар и бренер на штета на ДООЕЛ „Форт“ АД ЕЛЕМ-Скопје во вкупна вредност од 12.500 денари.