Францускиот совет на муслиманското вероисповед (ФСМВ) – репрезентативната институција на исламот во Франција – ги повика муслиманските верници и претставници да отидат во неделата на литургија во црквите во земјата во знак на солидарност и сочувство по грозоморното убиство на свештеник од џихадисти.
Оваа недела двајца џихадисти убија сурово свештеник и ранија уште еден човек откако зедоа заложници во црква во Сент Етјен ду Рувре. Уште истиот ден екстремистичката група “Исламска држава” изјави дека нападот е дело на двајца од нејзините “војници”.
Во коминике Советот ги повика лидерите на џамиите, имамите и верниците да ги посетат блиските до нив цркви за време на утринската миса, за да изразат пред христијанските браќа солидарност и сочувството на муслиманите во Франција.
ФСМВ ги повика сите 2500 џамии во Франција во проповедта за време на петочната молитва да зборуваат за почитта кон другите религии и кон луѓето кои ги претставуваат.
