130
Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех. Во периодот јануари – јуни, соопштија од „Алкалоид АД“ Скопје, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.197 милиони денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5 отсто. Зголемување од 8 отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која достигнува 598 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8 отсто, покажува консолидираниот биланс на успех.