Австралиец доби на лотарија тропски остров

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Австралиец добил на томбола имот на тропскиот остров Кошрај во Пацификот со билет во вредност од 49 долари.4965638

Среќниот Џошуа добива имот со 16 соби на остров во Микронезија. Досегашните сопственици – семејството Бијц од Австралија, одлучиле да не го продадат, туку да го дадатт на лотарија, за да го добие некој кој е нивна сродна душа.

Пред да го даде добитниот тикет , сопственикот на хотелот Даг Бијц изјави дека се надева дека ќе го освои човек кој ” го сака топлото време, сака да запознава луѓе од целиот свет и има авантуристички дух”.

На видео на Фејсбук беше прикажан бројот на добитниот билет, извлечен од компјутер. Потоа сепак Даг не успеа да се поврзе по телефон со победникот. Подоцна се разбра дека е жител на австралиската држава Нов Јужен Велс.

Хотелот Косрае е западно од Хаваи и северно од Соломонските Острови и има население од 6500 луѓе. Џошуа ќе стекне владение на имотот кој не е оптоварен од долгови. Хотелот Косрае Наутилус ризорт е омилено место за рибари и нуркачи. Даг и Сали Бијц го изградиле одморалиштето во 1994 година и оттогаш живеат во Микронезија, но сега сакаат да се вратат во Австралија, за да си ги гледаат внуците. Првично семејството сакало само да го продаде островот, но еден од синовите им дал идејата за лотарија. Продадени беа 10 000 билети низ целиот свет. Семејство Бијц ќе добие од продажбата на билети околу 2,45 милиони долари. Ако не друго, томболата овозможи на многумина да помечтаат за живот во тропски рај.