Барањето за екстрадиција на исламискиот опозиционер Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за обидот за преврат во Турција, како и апсењето на двајцата пилоти кои го урнаа рускиот Су-24 во ноември 2015 година во Сирија, е знак дека турското раководство планира да се оддалечи од САД и да се зближи со Русија.
Тоа за „Известија“ го изјави Станислав Тарасов, директор на информациски-аналитичкиот центар „Блиски Исток-Кавказ“.
– Реџеп Тајип Ердоган го користи Ѓулен за да ги залади тактичките односи со САД. Така се стреми да ги заздрави врските со Русија, Иран Азербејџан и Казахстан, отворено одбивајќи го Западот. Проблемот е што за Турција воопшто не е лесно да се откачи од САД, ЕУ и НАТО, затоа што врските со нив се доста силни. Освен тоа, Западот штом види дека турскиот лидер претендира за самостоен чекор, може да воведе санкции и да ја влоши економската ситуација во Турција – или полека да ја раздвижи „курдската карта“, ако и даде поддршка на Курдската работничка партија (ПКК). Со други зборови, изгледа престои сериозна геополитичка ситуација, вели Тарасов.
Според експертот, прашањето денес е како ќе се однесува Русија. Предвремени заклучоци во врска со тоа може да се направат по средбата на Влдимиир Путин со Реџеп Ердоган, закажна за почетокот на август.
Се ќе зависи од тоа кава политика ќе избере турскиот претседател. Ако реши да ги ослабува врските со Западот, ќе биде поддржан од Русија. Ако пак се ограничи на тактички маневри, ќе се соочи со слични односи од Москва.
Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен од 19 јули, Ердоган изрази надеж дека САД ќе го исполнат својот ангжман по договорот за предавање на криминалци и ќе се согласат да го екстрадираат Ѓулен.
– Ако побарате некој да биде екстрадиран, ќе го почитувам тоа, нели сте ми стратешки партнер. Јас се раководам од тој принцип, но вие не. Според тоа, треба да има реципроцитет во тие нешта, потренцира претседателот на Турција.
А како што најави на 18 јули премиерот Бинали Јилдирим, ако биде одбиена екстрадицијата на Ѓулен, турското раководство може да ги преиспита односите со Вашингтон.
– Му се обраќам на раководството на САД, тука постои глобална закана, обид за смена на легален режим, директиви да се уништи волјата на народот во земјата. Тука нема никаква религија и религиозни вредности. Какви други докази сакаат? Ако и покрај сето тоа нашите пријатели повторно бараат докази, молам да ме извините, но ќе бидеме директно засегнати и може да го преиспитаме нашето пријателство, рече Јилдирим.
Во меѓувреме, САД најавија дека се подготвени да го разгледаат барањето за екстрадиција на Ѓулен; но навестија дека тоа тешко дека ќе се случи.
– Варијантата Ѓулен да биде екстадиран не може целосно да се исклучи, коменира за „Известија“ меѓународниот експерт Сергеј Филатов.
САД им свртеа грб на Моамер Гадафи, Садам Хусеин и Хосни Мубарак. Заинтересирани за уште поголем хаос во Турција, тие ќе ги вложат сите напори да ги постигнат своите цели. Ѓулен ја има поддршката на повеќето луѓе. Ако и биде предаден на Турција, тие луѓе ќе излезат на улиците за да го бранат својот лидер и идеолог. Во таква ситуација, Американците ќе ја влошат ситуацијата. Во иднина ситуацијата таму може да биде несабилна. А и Курдите се уште не се изјасниле, истакна Филатов.
Соговорникот на „Известија“ потсети и на зборовите на Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател, кој ден претходно истакна дека ситуацијата во повеќе соседни држави е нестабилна. Така што стратегијата на Русија ќе биде да ја стабилизира ситуацијата крај сопствените граници.
Во меѓувреме, Реџеп Ердоган му се обрати ноќта на 19 јули на иранскиот претседател Хасан Рохани и изјави дека е подготвен да соработува, како со Техеран, така и со Москва.
– Денес повеќе од било кога сме исполнети со решеност рака под рака со Иран и Русија, сите заедно, да дејствуваме за решавање на регионалните проблеми и натаму да вложуваме повеќе поактивни напори за враќање на мирот и стабилноста во регионот, ги цитираше зборовите на турскиот претседател иранската агенција ИРНА.
Според Амур Гаџиев, научен соработник во Центарот за истражување на земјите од Блискиот Исток на Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките, сето ова покажува дека Турција има желба за зближување со Русија.
– За коренита промена во надворешно-политичкиот курс на Турција и преориентирање кон Русија и Истокот е малку рано да се зборува, но промени ќе има. Се гледа желба за ширење на соработката. Сепак, колку се сериозни и искрени тие намери засега е тешко да судиме, затоа што Турција членува во НАТО и има извесни обврски кон Вашингтон. Обидот за преврат, извршен најмалку со согласност од Западот, или најмногу со негово активно учество, пропадна. Тоа може да го понесе Реџеп Ердоган кон коренито преразгледување на неговите приоритети, прогнозира Гаџиев.
Известија – Москва